Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе предлози за издавање казнени налози за девет лица кои го сториле кривичното дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, соопштија од ОЈО Кавадарци.

Тие според описот на Обвинителството во одделни кривично правни настани се движеле низ Кавадарци, иако во сила бил полицискиот час воведен со Одлука на Владата на Република Северна Македонија.

За четворица од обвинетите, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци, му предложи на Основниот суд Кавадарци да им изрече парични казни во висина по 40 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 20 евра , а за двајца обвинети по 60 дневни глоби во висина од по 20 евра во денарска противвредност.​​



Автор: Администратор
Објавено на: 15/04/2020 00:20