Министерот за одбрана на Црна Гора Предраг Бошковиќ, во пресрет на денешната министерска средба на НАТО, рече дека она што е побарано од Алијансата како помош во заштитата од коронавирусот, засега не е потребно.

– На дневна основа ја разгледуваме ситуацијата и согласно тоа ќе одлучиме, рече Бошковиќ.

Како што пренесува РТЦГ, Бошковиќ вели дека доколку има потреба од поголема поддршка од Алијансата, тоа сигурно ќе се побара, но се надева дека тоа нема да се случи.

– Порано или подоцна ќе се одбраниме од пандемијата на коронавирусот, но пандемијата на дезинформации ќе продолжи, особено пред парламентарните избори, оцени Бошковиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/04/2020 23:16