Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе казнени налози против 22 лица обвинети за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информираат од ОЈО Скопје.

– Обвинетите, во одделни кривично-правни настани, не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации во градот, соопштија од обвинителство.

Обвинителството за сите обвинети му предложи на Основниот кривичен суд Скопје да определи парични казни од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена на износ од 20 евра во денарска противвредност​.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/04/2020 10:48