Основното јавно обвинителство Велес до Основниот суд Велес поднесе предлози за издавање на казнени налози против две лица за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информираат од ОЈО Велес.

– Обвинетите во текот на викендот постапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на државата, донесена од Владата на Република Северна Македонија. Во временски период додека бил во сила полицискиот час, пеш се движеле по улиците на Велес што е констатирано од полициски службеници на СВР Велес, соопштија од Обвинителство.

Истовремено, од Обвинителство информираат дека е предложено е на обвинетите да им се изречат парични казни од по 40 дневни глоби во вредност од по 20 евра односно вкупно по 800 евра во денарска противвредност.​



Автор: Администратор
Објавено на: 16/04/2020 11:36