Oсновното јавно обвинителство Штип поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно десет лица кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

– Обвинетите не го почитувале полицискиот час, односно донесените одлуки на Владата на Република Македонија за спречување на ширењето на заразната болест предизвикана од коронавирусот. Тие пеш или со возила се движеле низ градот во временски период кога во сила бил полицискиот час, стои во соопштението од ОЈО.

Обвинителството му предложи на судот на секој од обвинетите да им изрече парични казни кои се движат од 50 до 100 дневни глоби, секоај од нив во висина од 10 до 20 евра во денарска противвредност​.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/04/2020 15:20