Жители на тетовското село Џепчиште вчера во 20:00 часот, во време кога во сила била забраната за движење на населението на територијата на Република Македонија, се движеле пеш, информираат од ОЈО Тетово, од каде додаваатдека со тоа дејствие, обвинетите го сториле кривичното дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, соопштија од ОЈО Тетово.

За обвинетите, Основното јавно обвинителство Тетово со Предлогот за издавање казнен налог побара од судот да им изрече парични казни во износ од по 100 дневни глоби.​



Автор: Администратор
Објавено на: 16/04/2020 15:27