Основното јавно обвинителство – Прилеп до Основен суд – Прилеп поднесе предлози за издавање казнени налози против 40 лица за непочитување на полицискиот час.

– Сите обвинети не ги почитувале мерките на Владата за спречување на Ковид-19, во одделни кривично правни настани во временскиот период од 10 април до 16 април 2020 година, соопшти Јавното обвинителство.

Обвинителството на надлежниот суд му предложила за секој од обвинетите да изрече парична казна во висина од по 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 20 евра во денарска противвредност.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/04/2020 15:43