Охриѓанец во полиција пријавил дека од страна на непознати лица со патничко возило „фолксваген голф“ вчера е грабнат неговиот брат 33-годишниот Б.П. од населба Рача.

Како што соопшти МВР, во Секторот за внатрешни работи – Охрид случајот бил пријавен вчера во 13.05 часот од страна на братот на грабнатото лице И.П.(29). Притоа, тој добил порака да даде пари за да биде пуштен брат му.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/04/2020 15:11