Полициски службеници од СВР Скопје во скопското село Побожје, за време на забраната за движење, синоќа во 22.00 часот, го лишиле од слобода З.К.(34) од село Кучевиште, скопско, затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени предмети за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од кривично дело „кражба“.
По документирање на случајот, соопштија од МВР, против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.