На францускиот носач на авиони „Шарл де Гол“ од новиот коронавирус заразени се 1046 од вкупно 1760 морнари, соопшти денеска француската војска.

Портпаролот на француската морнариза Ерик Лаво изјави дека е тоа конечен број на инфицираните на носачот на авиони, откако вчера беше информирано за 1.081 заболен.

Околу 50 отсто од заразените морнари не покажуваат симптоми на болеста.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/04/2020 18:31