Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (18/19.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 84 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 67 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така, според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 31 лице им се издадени решенија за изолација, а 43 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/04/2020 12:06