Во атарот на селото Србица, Кичевско избувна шумски пожар. Противпожарната единица од Кичево веќе е на терен и заедно со месното население се борат огнот да го стават под контрола.
-Ако има потреба ќе се приклучат и претставниците на шумското претпријатие „Лопушник”, претставници на Дирекцијата за заштита и спасување и претставници на локалната самоуправа. Во прв план ни е да ги заштитиме куќите и да се стави пожарот под контрола, информира Емин Насуфи од општина Кичево.