СВР Тетово поднесе кривична пријава против A.С.(40) од тетовското село Горно Палчиште, Н.М.(55) од село Селце, тетовско, и Б.З. (60) од Тетово, осомничени за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

Како што денеска информираа од МВР, на 21.02.2020 на ул.„Маршал Тито“ во Тетово, оштетената М.П.Г., заедно со нејзините колеги од Државен пазарен инспекторат А.В., К.Т., А.К.С. и Г.М., по претходна координација со Царинска управа, со две службени возила од Државен пазарен инспекторат, вршеле акција за одземање тутун и цигари, што нелегално се препродавале од страна на улични продавачи, покрај главната улица на Зелениот пазар.

– Откако дел од запленетата роба ја внеле во нивните службени возила, започнале да се собираат пазарџии и продавачи, меѓу кои и тројцата пријавени лица кои ги спречувале во извршувањето на нивната акција, упатиле закани и навреди со цел да им ја одземат запленетата роба, а потоа, со употреба на физичка сила, ги блокирале службениците и нивните службени возила. Притоа, третопријавениот физички ја нападнал оштетената М.П.Г., додека прво и второпријавениот насилно ја одзеле целокупната запленета стока од службените возила на Државен пазарен инспекторат, се појаснува во соопштението од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/04/2020 16:04