Основното јавно обвинителство Прилеп до Основниот суд Прилеп предложи казни од по 2.000 евра за пет лица од Прилеп и четворица од Крушево за непочитување на полицискиот час.

Јавното обвинителство соопшти дека сите обвинети не ги почитувале мерките на Владата за сузбивање и спречување на заразната болест COVID-19, односно за време на полицискиот час биле затекнати надвор од своите домови без да поседуваат дозвола за движење.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/04/2020 16:18