Осум лица во тетовскиот регион од кои еден малолетник ја прекршиле забраната за движење во периодот од 7 часот на 22 април до утринава во истото време, информира денес СВР Тетово. Сите се лишени од слобода и задржани во полициските станици, по што ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

-Од страна на полициски службеници на СВР Тетово извршени се контроли кај 246 лица во тетовскиот регион во изолација и кај 155 во самоизолација, кај кои не се забележани прекршувања на обврските, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

До вчера или еден месец колку што трае ограниченото движење на граѓаните СВР Тетово има поднесено 64 кривични пријави со кои биле опфатени 79 лица осомничени дека го сториле кривичното дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/04/2020 13:10