Германија се уште е на почетокот на пандемијата со Ковид-19 и ќе мора да живее со него некое време, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел.

– Ние не сме во финалната фаза на пандемијата, уште сме на почеток. Добивме на време и ќе го искористиме да го зајакнеме германскиот здравствен систем, истакна Меркел.

Таа додаде дека Светската здравствена организација е неопходен партнер на Германија и оти ќе ја поддржи работата наСЗО.

– Пандемијата може да се победи само глобално, посочи Меркел.

Гермнаската канцеларка додаде дека се потребни остри мерки за да се сочува достоинството на сите и дека вакцината, кога ќе биде пронајдена, мора да биде достапна за целиот свет.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/04/2020 13:32