Oсновното јавно обвинителство Штип поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираат од ОЈО Штип.

-Обвинетите не го почитувале полицискиот час, односно донесените одлуки на Владата на Република Македонија за спречување на ширењето на заразната болест предизвикана од коронавирусот. Тие пеш или со возила се движеле низ градот и во околината на 2 и 4 април, во временски период кога во сила бил полицискиот час, соопштија од обвинителство.

Обвинителството му предложи на судот на секој од обвинетите да им изрече парични казни кои се движат од 50 дневни глоби, секоја од нив во висина од 10 евра во денарска противвредност​.​



Автор: Администратор
Објавено на: 23/04/2020 14:32