Од МВР денеска информираа дека утрово во 03.30 часот во СВР Скопје, Г.Т.(20) од Скопје пријавила дека нејзината мајка Л.Т.(45) од Скопје, од 17.04.2020 не ѝ се јавувала на телефон и се сомневала дека е почината.
Полициски службеници излегле на местото на настанот и во просторија од стан на ул.„Маџир Маало“ во Скопје било пронајдено женско тело и траги од крв.
Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт.
Увид извршила увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.