Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлози за издавање казнени налози за четири лица кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
– Обвинетите го прекршиле полицискиот час, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Македонија, на начин што иако согласно оваа одлука се забранува движење на населението на територијата на Македонија за време на викендот, тие се движеле пеш или со возила низ градот, соопштија од ОЈО.
За стореното кривично дело, за секој од обвинетите, Обвинителствотото побарало од судот да им изрече парична казна во висина од по 100 дневни глоби.