Tоварeн воз кој сообраќа на линијата Велес – Прилеп изутрината во 06:40 часот, на патниот премин кај влезот на Фабриката за порцелан во Велес, удрил во патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.Џ.(16) од с.Согле, општина Чашка.

Од МВР информираат дека возачот на возилото со тешки телесни повреди е пренесен во болницата во Велес. На местото на настанот е извршен увид.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/04/2020 12:40