Основното јавно обвинителство Ресен денеска до Основниот суд Ресен поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, известуваат од ОЈО Ресен.

– Обвинетата не ја почитувала Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Македонија, донесена од Владата како мерка за превенција и сузбивање на заразната болест COVID-19. Таа на 24 април 2020 година била затекната како со возило се движи низ градот, соопштија од Обвинителство.

За стореното кривично дело, надлежниот јавен обвинител предложи на обвинетата да и биде изречена парична казна во износ од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/04/2020 15:24