Основното јавно обвинителство Куманово побара парични казни во висина до 1000 евра во денарска потиввредност, за три лица, жители на Куманово поради непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, инфомираат од ОЈО Куманово.

Обвинетите не ги почитувале донесените мерки и одлуки за забрана на движење на населението на територијата на Република Северна Македонија, па без дозвола се движеле низ Куманово.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/04/2020 16:37