Велешкото обвинителство денеска до Основниот суд Велес поднесе предлози за издавање на казнени налози против 3 лица за сторено кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, соопштија од ОЈО Велес.

– Обвинетите на 14.04.2020 година го прекршиле полицискиот час, односно не ја почитувале Одлуката на Владата на Република Северна Македонија со која се забранува движење на населението на територијата на државата во одредени временски периоди, информираат од обвинтелство.

Обвинителството предложи на обвинетите да им се изречат парични казни во висина од по 40 дневни глоби во износ од по 20 евра односно по вкупно 800 евра во денарска противвредност.​​



Автор: Администратор
Објавено на: 24/04/2020 16:37