Двајца тетовци не го почитувале полицискиот час и без дозвола се движеле со возила низ Тетово, информираат од ОЈО Тетово.

– Заради стореното кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, за обвинетите Oсновното јавно обвинителство Тетово поднесе предлози за издавање казнени налози и на судот му предложи да им изрече парични казни во висина од по 100 дневни глоби, соопштија од ОЈО Тетово.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/04/2020 19:25