Штипското обвинителство поведе постапка за три лица кои не ги почитувале здравствените прописи за време на прогласена пандемија, информираат од ОЈО Штип.

– Овие обвините се членови на едно семејство од с. Лакавица, штипско, односно тие со возило се движеле низ Штип во временски период кога во сила била забраната за движење на населението на територијата на државата, велат од обвинителство.

Со овие дејствија сите обвинети го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, за што обвинителството побара на секој од нив да им биде изречена парична казна во висина од 50 дневни глоби секоја од нив во висина од по 10 евра во денарска противвредност.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/04/2020 19:30