Вкупно 29 лица во државата изминатото деноноќие не ја почитувале забраната за движење. Од нив се приведени 23, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Според МВР, по однос на обврската за носење лична заштита, во текот на изминатите 24 часа се опоменати девет лица. На 84 лица им се издадени решенија за изолација, додека ист број лица, 84, потпишале изјави за самоизолација.

-Од страна на полициски службеници извршени се 2.473 контроли кај лица во изолација и самоизолација. Не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, наведува МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/04/2020 11:28