Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Марио Геце може да остане во тимот, пренесува „Скај спорт Германија“.

Преговорите за договорот ќе започнат по паузата поврзана со пандемијата на коронавирус. Тековниот договор е со важност до крајот на сезоната.

До прекинот на сезоната, 27-годишниотфудбалер одигра 19 натпревари на сите турнири, во кои постигна три гола и оствари една асистенција.

Геце претходно изјави дека ќе ја напушти Борусија.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2020 10:58