Скопското обвинителство до Кривичниот суд во Скопје, поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, информираат од ОЈО Скопје. Во описот обвинителството се вели дека на 2 март, на автобуска станица во населбата Хиподром, обвинетиот 26-годишник во рацете носел две најлонски ќеси со наркотична дрога – марихуана и една дигитална вага, која веднаш му била одеземена од полициски службеници.

– Подоцна во неговиот автомобил, паркиран во неговиот двор, биле пронајдени три најлонски ќеси и една сина кутија со марихуана, како и еден шприц со хашиш масло. При претрес на домот на обвинетиот во селото Булачани, пак, било утврдено дека тој неовластено произведувал марихуана, за што набавил опрема и инсталирал лабораторија за одгледување. Притоа биле пронајдени и 69 саксии со засадено растение – канабис, како и метална кутија со шест полиетиленски паковки марихуана, соопштија од обвинителство.

Со оглед на тоа што и натаму постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност обвинетиот да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до Судот достави и посебен предлог со кој побара да се продолжи претходно определениот притвор за обвинетото лице. о



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2020 11:33