Малолетник бил нападнат на игралиште синоќа во неготинското село Криволак, информира портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.

Ф.М. (30) од Криволак пријавил во Полициската станица Неготино дека синоќа околу 18 часот на игралиштето во основното училиште, неговиот 17-годишен син бил физички нападнат од Р.Т.(30).

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2020 11:52