Основното јавно обвинителство Битола поднесе предлози за издавање казнени налози против пет лица кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, соопштија од ОЈО Битола.

-Четворица од обвинетите на 25 април 2020 година, не ги почитувале мерките со кои се определува забрана за движење на населението на територијата на Република Северна Македонија па се движеле со возило низ градот за време додека во сила бил полицискиот час, информираат од обвинителство.

Истовремено од обвинителство истакнуваат дека петтиот обвинет имал вербална расправија со лице кое живее на друга адреса во градот, па со намера да продолжи со расправијата отишол до домот на другиот битолчанец, каде бил затекнат од полициските службеници.

За стореното, обвинителството на надлежниот суд му предложи на сите обвинети да им изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби секоја од нив во висина од по 20 евра во денарска проиввредност.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2020 12:02