Локален дожд кој наместа ќе биде пороен со грмежи и засилен ветер се очекува веќе од среда во попладневните часови. Претпладне, според прогнозата, ќе биде сончево и топло.

Променливото време со сончеви периоди претпладне и локален дожд, грмежи и засилен ветер попладне, ќе се задржи до сабота.

Максималните температури ќе останат високи односно ќе се движат од 19 до 25 степени, а минималните од 5 до 13 степени.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2020 13:11