Пред споменикот на Гоце Делчев во центарот на Делчево, денеска се одбележа 121-годишнината од неговата смрт.
Настанот почна со литературно читање на членовите на КУД „Гоце Делчев“, а потоа пред споменикот на Делчев цвеќе положија делегација од Општина Делчево, предводена од градоначалникот Горан Трајковски, претставници на политички партии, здруженија на граѓани, локални институции...
По повод 121 година од неговата смрт, вечерва во организација на Општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево ќе се одржи трибина „Современ контекст на идеите на Делчев - ,,Нашата улога во борбата за која тој се залагаше“.