Тетовската полиција информира дека до Обвинителството е поднесена кривична пријава за жител на скопско Батинци кој се сомничи како сторител на девет тешки и ободи за тешки кражби. Воедно, по осомничениот А.А. (56) e распишана потерница за негово пронаоѓање.

-А.А. се сомничи дека извршил кражби во станови во Тетово, во кои насилно ги провалувал влезните врати и најчесто одземал златен накит, мобилни телефони, парични средства и други технички производи, информира СВР Тетово.

Осомничениот се товари дека кражбите ги направил во периодот од октомври 2015 до декември 2018.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2020 14:37