Според статистиката на СВР-Штип, 28 лица не ја почитувале забраната за ограничено движење во периодот од 24 до 27 април. Од нив, приведени се 27 лица, од кои осум се малолетни, а на едно лице земени му се податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека за изминатиот период, на 11 лица им се издадени решенија за изолација, а 27 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се 169 контроли кај лица во изолација и 456 кај лица во самоизолација.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2020 15:06