Екипите на Јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ ги отстранија паднатите дрвја во речното корито на Кумановка во близина на селото Проевце, соопштија денеска надлежните. Наталожените гранки, дрвја и смет претставуваа закана за постоечкиот мост. Регионалниот центар за управување со кризи шест месеци алармираше за оваа состојба, а институциите си ја префрлаа одговорноста. - Вчера екипите ги отстранија наталожените дрвја, гранки од коритото по реакција на граѓаните, иако мора да потенцирам не е одговорност и надлежност на нашето претпријатие. Апелираме до граѓаните совесно да се однесуваат, да се грижат за животната средина. Ништо не го оправдува фрлањето смет во реките, изјави заменик-директорката на ЈП „Чистота и Зеленило“, Цветанка Ивановска.

Регионалниот центар за управување со кризи од ноември, лани информираше секој ден дека за мостот во село. Проевце запознаени се сите одговорни, вклучително и општинскиот кризен штаб во Општина Куманово. Институциите си ја префрлаа одговорност во чија надлежност е чистењето на реките во и вон градежен опфат. Жителите стравуваа дека постои можност од излевање на реката Кумановка.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/05/2024 19:07