Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлози за издавање казнени налози против шестмина кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, соопштија од ОЈО Гостивар.

– Сите обвинети во одделни кривично правни настани не ги почитувале мерките со кои се определува забрана за движење на населението на територијата на Република Северна Македонија па се движеле со возило или пеш низ градот, велат од обвинителство.

Обвинителството на надлежниот суд му предложи на сите обвинети да им изрече парична казна во висина од по 100 дневни глоби.​



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2020 15:40