Премиерлигашот Евертон има намера да се стекне со играчот од средниот ред на Реал, Хамес Родригез.

Според новинарот Николо Скира, клубот од Ливерпул, му понудил на 28-годишниот Колумбиец 4-годишен договор.

Доколку трансферот на Хамес не успее, тогаш Евертон ќе се обиде да ги ангажира Филипе Кутињо кој е во Баерн на позајмица од Барселона или Ирвинг Лозано од Наполи.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/04/2020 13:23