Казна од по 2000 евра е предлогот на Основното јавно обвинителство Битола за четири лица кои не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Македонија.
Од Јавното обвинителство информираат дека за време на полицискиот час тие биле затекнати како се движат на различни локации во градот, со што го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.