Забраната за движење во текот на изминатото деноноќие во целата држава не ја почитувале 28 лица, а приведено е 21 лице. За останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти МВР.
Во изминатото деноноќие на 65 лица им се издадени решенија за изолација, а 18 лица потпишале изјави за самоизолација.
Полицијата при контроли на лица во изолација и самоизолација не евидентирала лица кои не ги почитувале овие мерки.