Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против осум лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираат од ОЈО Скопје.

-Сите обвинети не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полицискиот час биле затекнати на различни локации во градот, инстакнуваат од обвинителство.

Јавните обвинители на Основниот кривичен суд Скопје му предложија за обвинетите лица да изрече парични казни од 100 дневни глоби, а висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​



Автор: Администратор
Објавено на: 29/04/2020 13:31