Во текот на изминатото деноноќие, за време на спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус Ковид-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, односно во Кичево едно лице не ја почитувало забраната за движење.

Тоа е приведено и против него ќе биде поднесено кривична пријава по членот 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Во истиот период, не се евидентирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди, информира портпаролот Стефан Димоски.

Вкупниот број на лицата во самоизолација, во моментов, изнесува 287 лица од кои пет во Кичево и врз толку лица е извршена контрола.

– Полициските службеници извршија 60 контроли на угостителски и други објекти, додаде Димоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/04/2020 14:58