Полициската статистика потврдува дека во последното деноноќие двајца дебрани не ја почитувале одлуката за забрана за движење.

– Во текот на изминатото деноноќие, 28/29 април 2020 година, за време на спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус,на подрачјето кое го покрива Одделението за внатрешни работи од Дебар, две лица не ја почитувале забраната за движење Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, потврди Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Додава дека во истиот период, не се евидентирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди.

Според него, на ова подрачје нема лица во изолација, додека во самоизолација се 10 лица, кои редовно се контролираат од страна на полициските службеници.

Димоски информираше дека поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Ф.М. (62) од Дебар.

– На 15 април, во 12:40 часот, полициските службеници го затекнале пријавениот на регионалниот пат од Дебар кон селото Могорче кај месноста „Бошков мост“ и при контрола утврдиле дека тој не ги почитувал мерките за забрана на движење и во своето патничко возило, неовластено превезувал четири патници, вели Димоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/04/2020 14:59