Двајца жители на Гoстивар се обвинети дека во одделни кривично правни настани не го почитувале полицискиот час, па без дозвола се движеле низ градот, информираат од ОЈО Гостивар.

Заради стореното кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, за обвинетите Oсновното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлози за издавање казнени налози и на судот му предложи да им изрече парични казни во висина од по 100 дневни глоби.​



Автор: Администратор
Објавено на: 29/04/2020 23:54