Тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик, потпиша долгорочен договор со клубот.

Тој ќе остане на „Алијанц арената“ до јуни 2023 година, а договорот беше потпишан денес во канцелариите на клубот во присуство на главните движечки фактори кои стојат зад клубот – Карл-Хајнц Румениге, Оливер Кан и спортскиот директор, Хасан Салихамиџиќ.

Флик пристигна во Минхен како асистент на поранешниот ментор Нико Ковач, а по неговото разрешување доби шанса да го предводи тимот.

По низата добри резултати во јуни, Баерн објави дека постигнале разбирање за долгорочен договор, кој беше парафиран денес.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/05/2020 01:07