Во Кичево во текот на изминатото деноноќие, за време на спроведувањето на мерките за ограничено движење, едно лице не ја почитувало забраната за движење. Тоа е приведено и против него ќе биде поднесена кривична пријава за „непочитување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Според информациите од СВР Охрид, во истиот период не се евидентирани кражби и сообраќајни незгоди.
На подрачјето што го покрива СВР Охрид, вкупниот број на лица во самоизолација е 69, од кои пет се од Кичево.
Полициските службеници извршиле и 99 контроли на угостителски и други објекти.