Во последното деноноќие тројца дебрани не ја почитувале одлуката за забрана за движење.

-Во текот на изминатото деноноќие за време на спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус, на подрачјето кое го покрива Одделението за внатрешни работи од Дебар, три лица не ја почитувале забраната за движење. Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави по членот 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, потврди Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Додава дека во истиот период, не се евидентирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди.

Според него, на ова подрачје нема лица во изолација, додека во самоизолација се наоѓа само лица.

Треба да се каже дека жителите од општините Дебар и Центар Жупа повеќе од еден месец беа најдоследни во почитувањето на одлуката за забрана за движење во општините кои се во рамки на Секторот за внатрешни работи од Охрид

Полициската статистика потврдува дека по повеќе од еден месец првите прекршувања се регистрани на 29 април кога забраната за движење ја прекршиле две, а во следните денови тоа го направиле седум лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/05/2020 22:15