Тетовската полиција бележи вкупно девет лица кои не ја почитувале забраната за движење во перидот 3-4 мај 2020 година. Од вкупниот број двајца се малолетници.
-Сите кои не ја почитувалe забраната за движење, лишени се од слобода и ќе следуваат соодветни поднесоци за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ член 206 од Кривичниот законик, информираат од СВР Тетово.
СВР Тетово бележи дека во изминатото деноноќие на три лица од тетовскиот регион издадени им се решeнија за изолација, а нема нови лица кои потпишале изјави за самоизолација.