Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово поднесе предлог за издавање казнен налог против 23 лица за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, соопштија од ОЈО Тетово.

– Обвинетите биле затекнати надвор од нивните домови за време на полицискиот час, со што не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, информираат од Обвинителство.

Обвинителството на Основниот суд Тетово му предложи на обвинетите да им изрече парични казни во висина од по 100 дневни глоби.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/05/2020 15:32