Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за периодот 4 и 5 мај, евидентирано е дека на ова подрачје две лицa не ја почитувалe забраната за движење. Двете лица се лишени од слобода и ќе следуваат соодветни поднесоци за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, истакнуваат од СВР Тетово.

– Според статистичките податоци на СВР Тетово, во изминатото деноноќие на 19 лица во тетовскиот регион издадени им се решeнија за изолација, а изјави за самоизолација потпишале 10 луѓе. Во овој период контролирани се 146 лица со решeнија за изолација и 45 лица со потпишани изјави за самоизолација, информира тетовската полиција.

За неносење заштитни маски писмено предупредени се шест лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2020 12:22