Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.К.(61) од Кичево, против А.М.(30), Ш.А.(51), двајцата од селото Преглово, како и против правното лице „Фино Лес“, за сторено казнено дело „кражба“, информира портпаролот Стефан Димоски.

Тој објасни дека на трети јули минатата година, пријавениот З.К., како раководител на Шумското стопанство „Лопушник“ од Кичево, ја злоупотребил службената положба и спротивно на Законот за шуми, во име на подружницата, со правното лице „Фино Лес“, претставувано од сега пријавениот Ш.А. склучил договор за купопродажба на 818 метри просторни буково огревно дрво. Тоа, пријавениот го направил иако знаел дека правното лице не поседува лиценца за вршење работи на сеча и дотур во шуми во државна сопственост, со што му овозможил купување на дрва во вкупна вредност од 1.804.998 денари. Пријавениот А.М., вработен како сечач во „Лопушник“, при реализирање на договорот за купопродажба извршил бесправна сеча на 36 неозначени букови стебла од шума во државна сопственост, во вкупна количина од 69,21 метри просторни, кои заради препродажба, противправно ги оддзел претставникот на правното лице , додаде Димоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2020 13:22